Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОДЛИВ НА КУПИШТА ПАРИ: Кина е во неволја, милијарди долари се префрлаат низ светот
Анализи

ОДЛИВ НА КУПИШТА ПАРИ: Кина е во неволја, милијарди долари се префрлаат низ светот

ноември 15, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кога денеска на маса во Сан Франциско ќе седнат претседателите Џо Бајден и Кси Џинпинг, надежта е дека напредокот во преговорите за отворените економски прашања на САД и Кина ќе дадат поддршка на финансиските пазари. На тоа посебно се надева Кина, која се најде во цела низа поврзани проблеми.

Индија е најбрзорастечката голема економија во светот, со поволна демографија и геополитички ветер во едрата, додека владите и мултинационалните компании бараат пријателска алтернатива за Кина, пишува во понеделникот, на 13 ноември, аналитичката куќа „Гавекал“.

Кина годинава за прв пат од 1960 година бележи пад на бројот на жители. Тоа не би било проблем, но падот стана тренд кој сериозно ги ограничува можностите на кинеската економија од производна и потрошувачка страна.

Ли Кечијанг, поранешниот кинески премиер, почина на крајот на октомври. На премиерската должност беше од 2013 година до оваа година, кога ја напушти функцијата. Ли се надеваше дека Кси ќе ги продолжи пазарните политики, реформите, но тој тоа не го сакаше, па кинеската економија падна во тешкотии кои станаа јасни веќе за време на пандемијата која започна во Вухан.

Алармот за тревога го вклучи гигантот за недвижности „Евергранд“ во есента 2021 година, кој не успеа навреме да го исплати купонот на сопствената обврзница, што го потресе целиот сектор, кој претставува околу четвртина од кинеската економија. Властите успеаја да ја ублажат ситуацијата, но не и да ја смират, па рејтингот на агенцијата „Модис“ оваа неделава предупредува дека понатамошното слабеење на пазарот на недвижности негативно ќе влијае на растот.

Структурниот проблем е од политичка природа, затоа што Кси се противеше на идеите на Ли, кој на крајот мораше да застане на страната на одлуката на претседателот, во економијата да воведе поголема државна контрола.

Адам Ни, независен кинески политички аналитичар, го опиша Ли како „премиер кој остана немоќен додека Кина остро скршна од патот на реформите и отворањето“.

На почетокот на оваа деценија следеше остар удар врз моќните интернет гиганти кои, конечно, почнаа да ги почитуваат одлуките на Партијата.

Не се имаше којзнае каков избор, па еден од најбогатите, Џек Ма, основачот на „Алибаба“, извесно време исчезна од јавноста.

Ова создава атмосфера која не поттикнува деловни потфати, па воопшто не се за изненадување резултатите од истражувањето на Европската централна банка: повеќе од 40 отсто од мултинационалните компании очекуваат дека во наредните години ќе го преселат производството во политички пријателските земји, а најмногу ги загрижува ризикот поврзан со Кина.

„Странските компании извлекоа повеќе од 160 милијарди долари од вкупната заработка од Кина во шест последователни квартали до крајот на септември оваа година“, пишува „Вол Стрит Журнал“ повикувајќи се на официјални кинески податоци.

Во претходните периоди најголемиот дел од профитот тие го реинвестираа во земјата.

Станува збор за невообичаено долга низа одливи на профит која покажува колку привлечноста на земјата слабее за странскиот капитал. Во овој процес помогнаа и околностите на глобалниот пазар; додека каматите на Запад пораснаа, Кина потона во октомври по втор пат оваа година потона во дефлација.

„Поплавата од заработувачката што ја напушта Кина ги турна вкупните директни странски инвестиции во ‘црвено’, во третиот квартал“, пишува весникот.

На почетокот на овој месец Кина го забележа првиот квартален дефицит во директните странски инвестиции.

Пречки за развојот на кинеската економија се и големите долгови со кои се соочуваат локалните власти, а ММФ проценува дека 30 отсто од овие долгови се неодржливи.

Дополнителен проблем е процесот на „намалување на ризикот“, што го спроведуваат САД и ЕУ кон Пекинг.

Демографијата, фискалната политика и финансискиот сектор сериозно ја притиснаа кинеската економија, но таа има и здрава, силна страна… – производството.

Кина сè уште е глобална фабрика. „Вол Стрит Журнал“ пишува:

„Иако Кси лошо управува со економијата, кинеската производствена моќ ќе се одржи, поради вкоренетите конкурентски предности: голема, интегрирана и прилагодлива база на производители, сигурна и скромно платена работна сила и знаење за управување“.

Во такви околности ослабна и економскиот раст, кој оваа и следните години веројатно нема да надмине 5 проценти, што е цел која ја зададе Партијата.

актуелно економија Кина недвижности реформи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.