Претседателката на Европската комисија, 65-годишната Урсула фон дер Лајен, втора година по ред е прогласена за најмоќна жена во светот. По германската политичарка следат претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, потпретседателката на САД, Камала Харис, и италијанската премиерка Џорџија Мелони.
„Фон дер Лајен е првата жена на функцијата претседателка на ЕК и е одговорна за законодавството кое влијае на повеќе од 450 милиони Европејци“, објави магазинот „Форбс“, кој и ја состави листата на најмоќни жени.
На петтото место е поп-ѕвездата Тејлор Свифт, која само од рекордната светска турнеја „Ерас“ заработи 850 милиони долари и стана милијардерка.
Да потсетиме, сопственичката на два големи хита („Anti-Hero“ и „Look What You Made Me Do“) лани беше 79-та на листата.
Следна пејачка на листата на најмоќни жени е Бијонсе на 36 место, а Ријана е „само“ 76-та.
Поранешната водителка на ток-шоу, која во меѓувреме стана сопственик на медиуми, Опра Винфри, се најде на 31-то место.
Филантропот Мелинда Гејтс е 10-та, додека најдобро пласираната британска извршна директорка на големата фармацевтска компанија „Глаксо Смит Клајн (GlaxoSmithKlein), Ема Волмсли, е на позицијата број 15.
Во текстот на „Форбс“ се вели дека нивната овогодинешна листа ја одразува „сложената слика за влијанието на жените во нестабилниот свет“.
„Политичарките Сана Марин (Финска), Јасинда Ардерн (Нов Зеланд) и Никол Старџен (Шкотска)пртетхоно годинава или ги загубија или ги напуштија своите работни места. Сузан Војчицки се повлече од функцијата извршна директорка на Јутјуб по девет години на таа функција. Замина и Мартина Мерц, извршна директорка на германскиот конгломерат ‘Тусенкруп’. Секоја од споменатите жени била заменета со маж“, објави „Форбс“.
(Фото: АФП)







