Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: Пронајдено момче по шест години, мајка му и дедо му го киднапирале
Во Фокусот

НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: Пронајдено момче по шест години, мајка му и дедо му го киднапирале

декември 15, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На виделина излегуваат се повеќе детали за необичниот случај на денес 17-годишен Алекс Бати, кој, заедно со мајка му и дедо му, исчезна пред шест години. Имено, тројцата во 2017 година од Велика Британија заминале на летување во Шпанија, но никогаш не се вратиле, после што била организирана полициска потрага. Подоцна било утврдило дека отишле да живеат во духовна комуна во Франција, пишува Дејли Меил.

За потсетување, возач кој во средата, на 13 декември, патувал низ француските Пиринеи случајно го нашол Алекс како среде ноќ, на силен дожд, оди по патот со ранец на грбот и со скејтборд под раката.

Возачот се смилувал и го качил во автомобилот, а по пат ја дознал неговата необична приказна.

Алекс вели дека пред шест години мајка му и дедо му всушност го киднапирале и го однеле во духовна комуна и дека мисли оти мајка му е „малку луда“.

Имал 11 години кога со мајка му Мелани (тогаш 37) и дедо му Дејвид (тогаш 58), отишол на летен одмор од кој никогаш не се вратиле.

Законскиот старател на момчето, неговата баба Сузан Каруана, вели дека нејзината ќерка и поранешниот сопруг сакале да живеат „алтернативен начин на живот“ и со себе го зеле момчето.

Но, Алекс во текот на викендот избегнал од комуната сместена во подножјето на француските Пиринеи и поминал четири дена одејќи преку планините обидувајќи се да стигне до својата баба во Англија.

За среќа, Фабиен Ацидини, студент по киропрактика од Тулуз, во средата околу 2 часот утрината возел по патот додека доставувал лекови во планинскиот регион Ауда кога го видел Алекс како оди по дождот. Премрзнат и исцрпен, Алекс ја прифатил понудата на Фабиен и на крајот му рекол дека сака да ја напушти Франција и да оди кај своето семејство во Англија.

„Момчето наскоро треба да се врати дома во Англија“, изјавија вчера француските обвинители, а многу емотивната баба Сузан рекла дека е „воодушевена“ и „во шок“ што нејзиниот сакан внук бил пронајден жив и здрав.

Фабиен за регионалниот дневен весник раскажал за моментот кога го видел Алекс.

„Одеше на силниот дожд. Кога втор пат пројдов покрај него, решив да се понудам до некаде да го префрлам. Беше прилично висок и русокос, облечен во црни фармерки, бел џемпер и имаше ранец со себе. Под рака носеше скејтборд и ноќна ламба. Му понудив превоз, и тој влезе во моето комбе. На почетокот ми делуваше помалку срамежливо. Се обидовме да разговараме на француски, но забележав дека тој и не го знае јазикотот толку добро. Потоа се обидов на англиски. Кога го прашав како се вика, прво рече дека се вика Зак. Разговаравме повеќе од три часа! Многу брзо ми кажа кој е навистина – Алекс Бати – а потоа ми кажа се што му се случило“, објаснил Фабиен.

Момчето рекло дека неговата мајка го грабнала кога имал 12 години.Оттогаш три години живеел во Шпанија во луксузна куќа со десет луѓе, а во Франција пристигнал во 2021 година.

Фабиен исто така раскажал дека Алекс му рекол дека мајка му е „малку луда“ и „во некаков бизарен делириум секогаш кога зборува за духовност“, но јасно ставил до знаење дека таа никогаш не го заробила и дека можел „да си замине кога сака“.

Меѓутоа, се уште не сака да каже каде се точно неговата мајка и дедо.

„Не изразуваше никакво непријателство кон мајка си, но многу сакаше да ја најде својата баба. Многу му недостигаа саканите“, изјави Фабиен.

„Беше жеден бидејќи одел неколку дена, па му дадов малку вода. Кога ми ја објасни својата ситуацијата, му го дадов мојот телефон. Тој самиот никогаш немал некое средство за комуникација. И испрати порака на баба му од мојот Фејсбук профил. За жал, таа не одговори. Отпрвин, Алекс сакаше да оди во некој голем град за да најде помош и да оди во нивна амбасада, но јас го одведов во полиција.“

Фабиен го одвел Алекс во општината Ревел, во близина на Тулуз во јужна Франција, каде што 17-годишникот на полицијата и кажал кој е.

„Кога стигнавме, Алекс беше многу уморен. Легна на подот. После тоа полицајците не испрашуваа. Се обидуваа да откријат дали навистина е тој. Кога ја добија потврдата, му најдоа сместување.“

Алекс Бати

Неговата баба, која, кога тој исчезнал имала 62 години, изјавила дека е „воодушевена“ што Алекс бил пронајден.

„Многу сум среќна. Разговарав со него и тој е добро. Во моментов е кај властите во Франција. Тоа е таков шок. Не знам каде е неговата мајка. Само го чекам да дојде дома. Воодушевена сум.“

Алекс, на тој 30 септември 2017 година, пристигна на аеродромот во Малага во Шпанија на однапред договорено патување со Мелани – која нема законско родителско старателство над детето – и со дедо му Дејвид, на еднонеделен престој во областа Бенахавис, во близина на Марбела.

Но, Алекс, неговата мајка и дедо му не се вратија дома како што се очекуваше на 8 октомври 2017 година, што покрена опсежна полициска истрага за очигледното киднапирање на момчето.

Бабата на Алекс, скршена од тага поради неговото исчезнување, во 2018 година изјавила дека Мелани и Дејвид со внук и претходно живееле во некаква духовна комуна во Мароко во 2014 година, како дел од некаков „алтернативен начин на живот“.

Сузан, која никогаш не се откажа од надежта дека повторно ќе го најде внукот, вели дека верува дека нејзината ќерка и поранешниот сопруг го киднапирале Алекс за да може заедно со нив да живее „алтернативен начин на живот“.

Алекс, неговата мајка и дедо му во последните неколку недели живееле меѓу областите Ариже и Ауде, источно од Перпињан, во јужна Франција, во шатори и кампови поставени во дивината, пишува францускиот дневен весник „Ла Депеша“.

Сеќавајќи се на денот кога тројцата требаше да се вратат дома, уништената баба на Алекс Сузан откри дека ја снимиле како и кажува зошто ја напуштиле ОК и каков живот навистина сакаат. „Тие ги објаснуваа своите причини и Мелани рече зошто го направиле тоа што го направиле.

Алекс тогаш рече дека е милион пати подобро да се биде со мама и дедо. Тоа, се разбира, ме повреди, но потоа се појавија моите други грижи“, изјави Сузан.

Присетувајќи се на денот кога тие тројца требало да се вратат дома, бабата Сузан откри дека и пратиле снимка на која и кажуваат зошто ја напуштиле Велика Британија и каков живот сакаат да живеат.

„Ги објаснуваа своите причини и Мелани рече зошто го направиле тоа што го направиле. Алекс тогаш рече дека е милион пати подобро да се биде со мама и дедо. Тоа, се разбира, ме повреди, но потоа се појавија моите други грижи“, изјави Сузан.

 

„Верувам дека причината поради која го направија тоа е затоа што не се согласуваат со мојот животен стил, мојот систем на верување. Јас едноставно живеам ден за ден, како што живеат сите нормални луѓе. Тие не сакаа Алекс да оди на училиште, не веруваат во редовно училиште.“

 

 

„На Фејсбук, Дејвид Бати објавуваше ‘вистини за Матрикс’ и како владата ‘ни ги уништува животите’.Напиша и дека ‘тајните судови’ во Велика Британија ‘се занимаваат со крадење деца заради профит’“, рече Сузан.

На 15-тиот роденден на Алекс, Сузан го замолила внукот преку објава на Фејсбук да ја извести дали е безбеден и добро.

„Среќен роденден на мојот прекрасен 15-годишен внук. Алекс, те молам, имај малку сожалување, скршена сум. Те молам само дај ми знак дека си добро. Секој ден мислам дека си на некое далечно место и живееш живот каков што мајка ти го избрала за тебе. Се што сакам да знам е дека си жив и здрав. Со години се мачам, срцето ми е скршено. Толку те сакам што само морам да знам дека си добро. Се надевам дека пак ќе те видам еден ден, се би дала само за една прегратка. Баба.“

актуелно дете киднапирање Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.