Словенецот Анже Ланишек победи овој понеделник на натпреварот во скијачки скокови во Гармиш Партенкирхен, втората станица од традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“.
Тој до триумфот дојде со скокови од 136 и 137 метри и со вкупно 295,8 поени ги остави зад себе Јапонецот Роу Кобајаши (137 и 137,5 метри – 292,6) и победникот од Оберстдорф, Германецот Андреас Велингер (138 и 137,5 метри – 294, ).
Во генералниот пласман води Велингер со 600,7 бодови, зад него е Кобајаши (598,9), а трет е Австриецот Штефан Крафт, кој вчера беше шести со 575,5 бодови.
Третата станица на ова престижно натпреварување е Инсбрук, утре, на 3 јануари, а новогодишната турнеја завршува на 6 јануари во Бишофсхофен.
(Фото: Танјуг/АП)







