Пожар рано утрово избувнал во трговскиот центар Ист Гејт.
Според првичните и се уште неофицијални информации, причина бил проблем со вентилацискиот систем во еден од рестораните.
Противпожарната екипа брзо стигнала на терен и според првичните информации успеала да го стави пожарот под контрола.







