Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Фридом хаус“: Глобалната слобода се влошува, Македонија останува во категоријата делумно слободни земји
Македонија

Фридом хаус“: Глобалната слобода се влошува, Македонија останува во категоријата делумно слободни земји

февруари 29, 2024Updated:февруари 29, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Глобалната слобода продолжи да се влошува и во 2023 година, што е тренд кој трае 18 години по ред, соопшти „Фридом хаус“ во штотуку објавен годишен извештај „Слободата во светот“.

Северна Македонија, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, останува во категоријата делумно слободни земји во друштво со Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Украина и Молдавија.

Најголем пад за последниве десет години од државите во регионот имаат Србија која бележи пад за 21 поен, како и Босна и Херцеговина со намалување на 10 поени.

Изборни манипулации, војни и напади врз плурализмот се клучни двигатели на глобалниот пад, според „Фридом хаус“. Речиси 38 отсто од луѓето во светот сега живеат во земји оценети како неслободни, 42 отсто живеат во делумно слободни земји и само 20 отсто живеат во слободни земји.

– Глобалната слобода направи голем чекорна назад во 2023 година. Светот се соочува со уште еден клучен тест во 2024 година, бидејќи милијарди луѓе се упатуваат на гласање, како и заради повеќето вооружени конфликти, вклучително и во Источна Европа, Јужен Кавказ и Блискиот Исток, на поголем дел од глобалното население ќе им бидат ускратени основните слободи во годините што следат, што на крајот ќе влијае на мирот, просперитетот и безбедноста, рече Мајкл Џеј Абрамовиц, претседател на „Фридом хаус“.

Руската инвазија на Украина продолжи втора година, дополнително понижувајќи ги основните права во окупираните области и предизвикувајќи поинтензивна репресија во самата Русија.

Негирањето на политичките права и граѓанските слободи на спорните територии ја повлече слободата во одредени земји, вклучително и некои демократии, посочува „Фридом хаус“.

– Репресијата на спорните територии во голема мера беше извршена од автократски режими, но демократски избраните влади на Израел и Индија придонесоа за кршењето на основните права на Западниот Брег и Појасот Газа и во Кашмир под индиска управа, се вели во извештајот.

– Оваа година ќе биде клучна за демократските општества и нивните напори да ја унапредат каузата за слобода низ целиот свет. Задржувањето на правата на оние на спорните територии, зајакнувањето на заштитните огради за слободни и фер избори и брзото реагирање кога антидемократските лидери се обидуваат да ги соборат избраните влади се само дел од активностите што мора постојано да се преземаат за да се запре глобалниот пад, изјави Јана Гороховскаја, коавторка на извештајот и истражувачка директорка за стратегија и дизајн на „Фридом хаус“.

Во земји како Камбоџа, Гватемала, Полска, Турција и Зимбабве, актуелните претседатели се обидоа да ја контролираат изборната конкуренција, да ги попречат нивните политички противници или да ги спречат да ја преземат власта по денот на изборите. Ваквите напори особено не успеаја да ги блокираат промените во владата во Гватемала и Полска, се нотира во извештајот.

„Фридом хаус“, меѓу другото препорачува да се обезбеди стабилна поддршка и флексибилно финансирање на оние кои се на првите линии на борбата против тиранијата, да се почитуваат правата на луѓето кои живеат на спорни територии, да се заштитат слободните и фер избори во 2024 година, доследно да се реагира на обидите за соборување на демократски избраните влади, како и да се заштитат активистите за човекови права во егзил.

Слободата во светот вклучува резултати и детални извештаи за политичките права и граѓански слободи за 195 земји и 15 територии низ целиот свет.

актуелно глобална делумна Земја македонија слобода слободна Фридом хаус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.