Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Пандора“ ја отвори најголемата фабрика за накит во светот во Виетнам
СВЕТ

„Пандора“ ја отвори најголемата фабрика за накит во светот во Виетнам

октомври 2, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Данскиот производител на накит „Пандора“ вчера отвори фабрика вредна 150 милиони долари во Хо Ши Мин, Виетнам – и тоа е нејзиниот најголем производствен погон, а прв вон Тајланд.

Досега, „Пандора“ го вршеше целото производство во Тајланд, каде што управува со три фабрики. Минатата година компанијата продаде 112 милиони парчиња накит. Фабриката, којашто е четврта производна локација на компанијата во светот, ќе го зголеми вкупниот производствен капацитет на „Пандора“ за приближно 50 отсто – штом ќе почне целосно со работа, се очекува да вработи 7.000 работници и да произведува до 60 милиони парчиња накит годишно. Извршната директорка на компанијата, Берта де Паблос-Барбие изјави дека Виетнам првично ќе учествува со околу 15 отсто во производствениот капацитет на светско ниво.

– Се очекува тој удел да се зголеми на една третина до 2030 година… Овој погон го градиме за следната деценија, а не за следното тримесечје, рече Де Паблос-Барбие, одговарајќи на прашање во врска со трговските неизвесности.

Новата фабрика ќе игра клучна улога во проширувањето на производството на накит обложен со платина, бидејќи компанијата се стреми да ја намали зависноста од сребро и изложеноста на флуктуациите на цената на среброто. Производствениот погон е изграден на 7,5 хектари во рамките на деловен и производствен центар во Хо Ши Мин и е дизајнирана да ја задоволи побарувачката на светско ниво. Де Паблос-Барбие наведе дека Виетнам е избран поради квалификуваната работна сила, традицијата во изработката на накит, инфраструктурата и деловното опкружување.

Објектот го има добиено сертификатот „ЛЕЕД Голд“ и ќе работи исклучиво на електрична енергија од обновливи извори. Среброто и златото што се користат во фабриката ќе се рециклираат, а компанијата, исто така, размислува за производство на сончева енергија во рамки на комплексот.

Фото: Википедија.

актуелно Виетнам накит пандора Фабрика
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.