Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
Економија

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026Updated:ноември 4, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Медиумот анализира кој бил одговорен за работењето и надзорот врз Алта банка и зошто одговорноста за нејзиниот колапс не може да се бара само кај сопственикот Давор Мацура.

Според изворот, цитиран од „Форбс Србија“, Алта банка имала невообичаен деловен модел, со поголеми количества готовина од вообичаените, нестандардни банкарски надоместоци и високи депозити во однос на одобрените кредити, што требало да биде сигнал за засилен надзор од Народната банка на Србија

Друг соговорник за медиумот оценува дека е речиси невозможно надлежните во НБС да не знаеле што се случува во банката и да не можеле да го предвидат нејзиниот колапс. Сепак, конечната одговорност треба да ја утврдат надлежните органи, а истрагата, како што побарале и вицегувернерите, треба да ги опфати и постапките во самата Централна банка

Алта банка веќе не можела да биде спасена во моментот кога Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) одлучил да ѝ ја одземе дозволата за работа, но надлежните служби во Централната банка можеле да реагираат неколку дена претходно и да спречат изнесување големи суми пари од банката. Ова го тврди извор на „Форбс Србија“ од НБС, запознаен со случувањата во пресрет на одлуката за одземање на лиценцата.

Извршниот одбор, составен од гувернерката Јоргованка Табаковиќ и четворица вицегувернери, ја донел одлуката по вонредна седница во ноќта меѓу петокот и саботата. Според изворот на „Форбс Србија“, дел од надлежните служби во НБС за проблемите во банката знаеле неколку дена претходно, а со навремена контрола и соодветна реакција можеле да спречат изнесување големи суми пари.

„Форбс Србија“ во текстот се осврнува и на прашањето кој бил одговорен за работењето на Алта банка, а кој за надзорот врз неа, како и зошто одговорноста за нејзиниот колапс не може да се бара единствено кај сопственикот Давор Мацура.

За потсетување, ден по одлуката за одземање на дозволата за работа, вицегувернерите објавиле соопштение во кое побарале од надлежното јавно обвинителство да ги утврди сите факти поврзани со случајот. Внимание привлекува тоа што соопштението го потпишале само вицегувернерите, без гувернерката Табаковиќ. Во него тие побарале да се испита и евентуалната кривична одговорност на лица во Народната банка на Србија.

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде лиценцата за работа на Алта банка

Што се случувало на денот на одземањето на лиценцата

Изворот на „Форбс Србија“ тврди дека вицегувернерите на Народната банка на Србија немале информации дека од Алта банка се изнесуваат пари. За тоа дознале дури во петокот, кога дошло до нарушување на платниот промет преку банката. Набргу потоа биле информирани дека за истата вечер е закажана седница на Извршниот одбор.

Според изворот, со темата на итната и вонредна седница не биле запознаени сите вицегувернери. Подоцна дознале дека ќе се одлучува за одземање на дозволата за работа на банката на Давор Мацура.

Како што беше официјално соопштено, лиценцата била одземена откако било утврдено дека финансиската состојба на банката значително се влошила во претходниот период, со можност за дополнително влошување на ликвидноста, со што биле загрозени интересите на депонентите.

Сепак, изворот на „Форбс Србија“ тврди дека одредени служби во НБС задолжени за контрола на банките за влошената состојба на Алта банка знаеле и неколку дена претходно. Според него, со навремена контрола и соодветна реакција можело да се утврди вистинската состојба и да се спречи изнесувањето големи суми пари.

„Банката располагаше со голема количина готовина. Тоа одамна се знаеше. Не знам дали 45 милијарди динари, колку што објави Обвинителството за организиран криминал, биле во готовина, но сите индиции упатуваат на тоа“, вели изворот.

Нарушени односи меѓу гувернерката и вицегувернерите во НБС

Изворот за „Форбс Србија“ тврди дека не е тајна оти односите меѓу гувернерката и вицегувернерите биле лоши и дека постоеле несогласувања.

Кога станува збор за контролата на банките, според хиерархијата, таа е во надлежност на Секторот за контрола, со кој раководи директор, а не вицегувернер.

Сепак, додава изворот, на вонредната седница на Извршниот одбор претставниците на Секторот за контрола немале соодветни одговори на прашањата што ги поставувале членовите на Извршниот одбор. Како што пренесува „Форбс Србија“, тие, според зборовите на изворот, само кревале раменици.

„Форбс Србија“ потсетува и на предупредувањето на адвокатот Иван Ниниќ, кој во вторникот, два дена по парламентарните избори, побарал од НБС итна контрола на Алта банка, повикувајќи се на информации дека од банката се префрлаат пари во странство.

Наместо да соопшти дека ќе изврши надзор, Народната банка објави дека ги следи показателите за работењето на банките и ги проценува ризиците. Во соопштението беше наведено дека НБС спроведува супервизија над банките, но и дека зачувувањето на финансиската стабилност е одговорност и на други институции и поединци кои, како што беше посочено, изнесуваат непроверени сомнежи и поттикнуваат неизвесност.

Погрешен сигнал од НБС

Гувернерката Табаковиќ во соопштение од 29 октомври предупредила дека ширењето непроверени и сензационалистички тврдења може да предизвика штета и неизвесност кај граѓаните.

Помалку од два дена подоцна, НБС ја одзеде дозволата за работа на Алта банка.

Изворот на „Форбс Србија“ вели дека надлежните служби во Народната банка морале да бидат информирани за случувањата во банките на пазарот и дека предупредувачките сигнали требало да бидат забележани многу порано. Особено затоа што Алта банка имала невообичаен деловен модел во споредба со другите банки.

Според него, работењето на банката се карактеризирало со значително поголеми количества готовина од вообичаените, нестандардни банкарски надоместоци, како и високи депозити во однос на кредитите што ги одобрувала. Тоа, како што вели, отстапувало од вообичаениот модел на работење на една банка и требало да биде причина за засилен надзор.

Изворот смета дека НБС, односно секторот задолжен за контрола на банките, одамна требало со зголемено внимание да го следи работењето на Алта банка и да побара објаснување за нејзиниот невообичаен деловен модел. Тој тврди дека тоа не се случило бидејќи на банката очигледно ѝ се прогледувало низ прсти.

„Црвеното светло требаше да се вклучи одамна“,наведува изворот, додавајќи дека одговорноста за случувањата не може да се разгледува само низ постапките на сопственикот Давор Мацура, туку и низ работата на институциите задолжени за надзор.

Според изворот, ниту гувернерката Табаковиќ ниту надлежниот сектор за контрола не го оцениле тоа како сомнително.

Друг соговорник на „Форбс Србија“ оценува дека е речиси невозможно надлежните во НБС да не знаеле што се случува во банката и да не можеле да го предвидат нејзиниот колапс. Сепак, конечната одговорност треба да ја утврдат надлежните органи, а истрагата, како што побарале и вицегувернерите, треба да ги опфати и постапките во самата Централна банка.

По одземањето на дозволата за работа, сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, беше уапсен по налог на обвинителството, заедно со уште две лица осомничени дека му помогнале во изнесувањето пари од трезорот.

Во меѓувреме, според изворот, мнозинството вработени во Народната банка се обидуваат да ја смират ситуацијата на пазарот и да спречат пропаста на Алта банка да предизвика дополнителни нарушувања.

„Неодговорните изјави во јавноста можат само дополнително да го вознемират пазарот и да предизвикаат паника. Сега е потребно целиот банкарски систем, заедно со регулаторот, да ги смири граѓаните и да не предизвика паника што би можела да ја загрози стабилноста. Банкарскиот систем се темели на доверба, а паниката во таков систем може да има катастрофални последици“,вели изворот.

Предупредување за можни последици врз целиот бизнис

Во меѓувреме, во НБС се прават напори да се спречи случајот со Алта банка да предизвика пошироки нарушувања на банкарскиот пазар и да се зачува довербата на граѓаните во финансискиот систем.

„Банкарскиот систем почива на доверба во него, паниката во тој систем е фатална“, изјавил изворот на „Форбс Србија“, повикувајќи на внимателност во јавните изјави за да не се предизвика дополнителна неизвесност.

Медиумот разговарал и со искусен банкар во Србија, кој состојбата ја оценил како „темпирана бомба“.

Соговорник од економскиот сектор, пак, предупредува дека последиците од пропаѓањето на банката би можеле да се одразат и врз другите компании во групацијата на Мацура, која покрај Алта банка опфаќа менувачници, хипермаркети и други бизниси.

Според него, доколку компаниите се соочат со финансиски проблеми поради поврзаноста со банката, државата треба да размисли за можностите за нивно зачувување и заштита на работните места, вклучително и преку пронаоѓање нов инвеститор или купувач.

 

Фото: принтскрин

актуелно банка изнесување народна пари спречување србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026

УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија

ноември 3, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.