Од почетокот на годината, во Соединетите Американски Држави (САД) се регистрирани повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници, што претставува најголем годишен број во последните 35 години, според официјалните податоци, објави денеска „Еуроњуз“ (Euronews).
Според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) – главната американска агенција за јавно здравје – во текот на 2026 година, на национално ниво се пријавени вкупно 5.182 потврдени случаи на оваа високозаразна болест, која може да се спречи со вакцинација.
Оваа бројка е повеќе од двојно поголема во споредба со 2.289-те случаи регистрирани во 2025 година и претставува највисока бројка забележана од страна на ЦДЦ уште од 1991 година.
Здравствените власти во сојузните држави пријавија најмалку осум смртни случаи поврзани со малите сипаници, меѓу кои и смртни случаи кај многу мали деца.
Смртните случаи предизвикани од мали сипаници се причина за загриженост меѓу лекарите.
Во 2000 година, големите сипаници беа прогласени за искоренети во САД, главно благодарение на широката вакцинација.
Сепак, во последниве години, оваа болест повторно значително се прошири, поради опаѓањето на стапките на вакцинација и зголемената недоверба на јавноста кон здравствените власти.







