Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нови правила за патување во Европа од 2027

ноември 12, 2026

Полицијата од сабота ќе казнува по 45 евра: Неподготвени не седнувајте зад волан

ноември 12, 2026

Македонија има најскап гас во Европа според куповната моќ

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
  • Полицијата од сабота ќе казнува по 45 евра: Неподготвени не седнувајте зад волан
  • Македонија има најскап гас во Европа според куповната моќ
  • Силна атлантска бура „Чарлс“: Португалија ги затвори речиси сите училишта и јавни служби
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Полицијата од сабота ќе казнува по 45 евра: Неподготвени не седнувајте зад волан
Македонија

Полицијата од сабота ќе казнува по 45 евра: Неподготвени не седнувајте зад волан

ноември 12, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Зимата носи предизвици, безбедноста во сообраќајот е наша одговорност. Управувањето со моторно возило во зимски услови бара зголемена внимателност, одговорност и целосна подготвеност од секој учесник во сообраќајот. Намалената видливост, влажните коловози, снегот и голомразицата значително го зголемуваат ризикот од сообраќајни незгоди и ја наметнуваат потребата од повисоко ниво на сообраќајна дисциплина и превентивно однесување, се наведува во денешното соопштение на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

-Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од 15 ноември до 15 март, задолжително е поседување на пропишана зимска опрема во возилата. Притоа, во Правилникот за задолжителна опрема на возилата е предвидено: задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg претставува: зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4mm или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4mm да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.

Задолжителна зимска опрема на моторни возила со погон на сите тркала (4×4) претставува: зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6mm или летни пневматици со минимална длабочина од 4mm, доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога возилото има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg , односно ТТВ се подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од 6 mm. пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала – истакнуваат од РСБСП.

Автобуси и товарни моторни возила, кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и – прирачен алат – лопата, вреќа со песок и слично.

– Зимата претставува период со највисок степен на ризик на патиштата, каде главните опасности за возачите се лизгави коловози заради снег, мраз или „голомразица“, појава која често е невидлива и особено опасна, намалена видливост поради густа магла, врнежи, подолг пат на сопирање и нестабилност при нагли движења, намалена концентрација и замор на возачите – додаваат од РСБСП.

Затоа, како што се додава во соопштението, РСБСП со „Зимската кампања“ упатува јасни пораки до сите учесници во сообраќајот.

– Следете ги информациите за временските услови на патиштата. Прилагодете ја брзината на движење кон условите на патот, а не на дозволениот максимум. Користете задолжителна зимска опрема за возилото. Проверете ја техничката исправност на возилото за упрабвување во зимски услови. Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте нагли маневри – сопирање, забрзување или свртување. Не управувајте возило под дејство на алкохол, психоактивни супстанции или кога сте заморени. Посветете посебно внимание на пешаците, велосипедистите и другите ранливи категории – учесници во сообраќајот. Запомнете: зимските услови не ги намалуваат последиците од неодговорното однесување – тие го зголемуваат ризикот – додаваат од РСБСП.

Се нагласува дека безбедноста во сообраќајот не е прашање на среќа, туку на свесност, знаење и одговорност.

– Безбедното учество во сообраќајот е заедничка одговорност. Секое правилно донесено решение зад воланот може да спречи сообраќајна незгода, да спаси човечки живот и да заштити нечие семејство од ненадоместлива загуба. На патот не сте сами. Вашата одговорност е нечија безбедност – порачуваат од РСБСП.

актуелно зимска казни опрема полиција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Нови правила за патување во Европа од 2027

ноември 12, 2026

Македонија има најскап гас во Европа според куповната моќ

ноември 12, 2026

Силна атлантска бура „Чарлс“: Португалија ги затвори речиси сите училишта и јавни служби

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.