Охрид денеска ги пречека претседателите од регионот кои учествуваат на состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, им посака добредојде на учесниците.
Сиљановска-Давкова посочи дека ова е трето претседавање на Македонија со Процесот Брдо-Бриони, но прво што се одржува во Охрид.
Таа особено ја истакна родовата застапеност на годинашниот самит, на кој за првпат учествуваат пет претседателки и пет претседатели.
„Особено ме радува што ова е и првиот Самит на Процесот Брдо-Бриони со родово паритетна застапеност, со пет претседателки и пет претседатели“, објави претседателката.







