Две силни експлозии одекнаа вечерва во близина на „Водафон“ арената, стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ, во Истанбул.
Според првите информации, една експлозија се случи во трговски центар, а втората крај полициски автобус.
Првичните информации, засега сеуште непотврдени, се дека има 13 загинати и уште 20 потешко повредени лица.
На местата каде што се случија експлозиите се наоѓаат амбулантни и противпожарни возила, а полицијата го запре сообраќајот во реонот.
Турската ТВ НТВ наведува дека во прашање е експлзоија на автомобил бомба и дека цен бил автобусот со припадници на полицијата за разбивање на демонстрации.
Експлозиите одекнале два часа по завршувањето на натпреварот меѓу Бешикташ и Бурсаспор.
Како што се наведува, навивачите го напуштиле стадионот пред да биде активиран експлозивот.
Турскиот министер за внатрешни работи изјави дека за сега нема информации дека има загинати и дека првите информации се за повредени полицајци.
Агенцијата АП пренесува изјави на сведоци дека се случаат и истрели, што укажува и на евентуален вооружен напад на полицијата.
Очевидци велат дека голем број полицајци задобиле сериозни повреди.
Според извештаите на странските медиуми, турските власти времено им забраниле на медиумите да известуваат за инцидентот.














