Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го повика вечерва преку телефон рускиот претседател Владимир Путин и го „информирал“ за денешниот напад во Анкара во кој е убиен амбасадорот на Русија во Турција, Андреј Карлов.
Министерот на надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу веќе стаса во Москва за да, на лице место, ги информира надлежните во Кремљ за развојот на ситуацијата околу атентатот.

Белата куќа веќе соопшти дека убиството на рускиот амбасадор е „неприфатливо“.
Турското министерство за надворешни работи го осуди убиството на амбасадорот Карлов исто така, истакнувајќи дека станува збор за „гнасен терористички акт“ и дека „убиецот е неутрализиран“.
Од Министерството изразуваат уверување дека атентатот нема да ги расипе пријателските односи на двете земји.







