Тренерот на Челзи Антонио Конте изјави дека неговите фудбалери заслужија одмор после 11 последователни победи и им даде три слободни денови.
„Им дадов три слободни денови затоа што мислам дека заслужија после интензивен период во кој игравме по три натпревари во шест дена“, им изјави Конте на британските медиуми.
Челзи е во одлична серија на резултати и е лидер во Премиер лига после 17 кола со 43 бода, шест повеќе од второпласираниот Ливерпул.
Според зборовите на Конте краток одмор од три дена е најдобар начин фудбалерите да си дојдат на себе.
„Има многу екипи кои во Премиер лигата се борат за титулата, во Лигата на шампиони и во Лига Европа. Сите знаеме дека нема да биде лесно, но сакам да продолжиме во ист ритам, вели Конте.
Челзи следниот натпревар ќе го игра на 26 декември кога го пречекува Борнмунт.
Диего Коста и Нголо Канте ќе ја пропуштат таа средба, поради тоа што добиле еден ден повеќе одмор.







