Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СДСМ: Ќе го вратиме спортот на спортистите
Македонија

СДСМ: Ќе го вратиме спортот на спортистите

јануари 5, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Спортот ќе го вратиме на спортистите. Трудот на спортските работници ќе биде вреднуван и заштитен.

Поради неодговорните политики Никола Груевски и досегашната власт, што се темелеа само на тендер интереси, Македонија е на историски најслаб пласман на ФИФА ранг листата.

На последната Олимпијада, немаше ниту еден спортист кој успеал да оствари олимписка норма, а Македонија беше со најмалку претставници од целиот регион!

Традиционални спортови се замрени затоа што се трошеа огромни суми народни пари за хокеј и слични скапи спортови што граѓаните на Македонија не можат да си ги дозволат, ниту пак, како што се покажа, има услови за нивен развој во земјава. Се покажа и дека тендерите биле пресудни за отворањата спортски сали, од коишто најголем дел денес се заклучени или затоа што во нив нема услови за спортување или за тоа што се изградени во несоодветни населени места коишто поради иселувањата останале празни без жители.

Затоа граѓаните избраа промени и го поддржаа Планот за живот што наша задача и обврска е да го реализираме.

Ние за професионалните спортисти, спортски аматери и спортисти стипендисти ќе обезбедиме пензиско и здравствено осигурување. Секој репрезентативец кој настапил на најмалку 10 официјални натпревари, ќе добие просечна пензија, од 40-годишна возраст.

Ќе формираме спортски финанскиски фонд со посебна жиро сметка на која што ќе се слеваат средства од уплати од 3% од секој тикет за спортско обложување, 100% од средствата за добивање лиценци за обложувалниците, 3% од уплатите во автомат клубовите, 1 денар од акцизата за цигари и 1 денар од акцизата за алкохол.

Распределбата на парите ќе ја вршат 7 членови на Националниот спортски совет составен од 5-те најуспешни федерации, плус претседателот на Македонскиот олимписки комитет и директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Ќе овозможиме спортските клубови сами да ја изберат формата на нивна организација, а не како досега, да мора да бидат регистрирани како акционерски друштва.

Дел од новоизградените училишни спортски сали, што стојат неупотребени, ќе се доделат на користење и управување на националните спортски федерации, за да работат со сите младински категории преку целата година, ослободени од комерцијалниот притисок. Така ќе овозможиме сите талентирани деца да тренираат без надоместок.

Секој правен субјект ќе може до 40 проценти од данокот на добивка да го инвестира директно во јавните дејности, пред се во спортот.

Ова се само дел од мерките во Планот за живот со коишто системски ќе го поставиме спортот на високото заслужено место во општетството. Со тоа ќе овозможиме здрав живот на нашите деца и достоинствен живот на спортиските и спортските работници.

Затоа е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.

Доаѓа живот! Во 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме.

клубови сдсм спорт спортисти спортски совет стипендисти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Средба на Муцунски со Петрова во Софија

октомври 8, 2026

Петрова пред средбата со Муцунски: Коридорот 8 мора да се заврши, а не да остане збир од одделни проекти

октомври 8, 2026

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да го повика Филипче на информативен разговор за скандалот во МО во времето на Петровска

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.