Вршителот на должноста претседателот на ССМ, Дарко Димовски утринава околу 4.30 часот бил физички нападнат во зградата на Синдикатите во Скопје.
Заради сериозноста на повредите Димовски е задржан во болница.
„Група рекетари предводена од разрешениот претседател на ССМ, Живко Митревски, утрово околу 4.30 часот насилно влезе во зградата на ССМ, притоа буткајќи ја и полицијата“, велат претставници на четирите синдикати кои ноќеска останаа во синдикалната зграда, со цел да спречат Митревски да ги исели од таму.
Во четвртокот Министерството за труд и социјална политика информираше дека решението со кое претседателот Живко Митревски е разрешен од функцијата е поништено, со што тој, според таа одлука, останува легитимен претседател на ССМ.

Истиот ден членови на четирите грански синдикати (УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО) се собраа во холот за да спречат Митревски да ги исели од канцелариите, откако на седница на Советот, наводно, била донесена одлука за нивно исклучување поради фалсификување документи, злоупотреба на службената должност, крешење на Статутот и неплаќање членарина редовно.







