Досегашниот претседател на Гамбија, Јахја Џаме, кој одбиваше да ја предаде власта, вчераноќ ја напушти земјата.
Џаме со авион одлета од главниот град Бандуло, неколку часови откако прифати, после 22 години владеење, да ја предаде должноста на новоизбраниот водач Адам Бароу.
Бароу изјави дека Џаме ќе замине во Гвинеја, иако тоа можеби не ќе биде негово крајно одредиште.
Џаме загуби на изборите во декември, но ги доведе во прашање изборните резултати и одбиваше да се симне од тронот.
Советникот на новиот претседател на Гамбија, Мај Ахмад Фати изјави дека Џаме ја испразнил и дури со авион однел и луксузни возила.
Мај Ахмад Фати на новинарите им се обрати во Сенегал, каде што новиот претседател Адам Бероу сеуште чека за да се врати дома.
Бароу во четвртокот положи заклетва во соседниот Сенегал, а регионалната организација Ековас испрати војска во Гамбија во случај да не успеат дипломатските напори да се натера Џаме да ја предаде власта.








