Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека смета оти тортурата е ефикасна затоа што, како што оцени, „против оган мораме да се бориме со оган“.
Во интервју за ТВ АБЦ претседателот изјави дека ќе се посоветува со секретарот за одбрана, Џејмс Матис, и со директорот на ЦИА, Мајкл Помпе, за тоа што може легално да се стори, а што не, во борбата против ширењето на радикализмот.
Трамп вели дека, се додека радикалните групи „на граѓаните им ги отсекиваат главите на Блискиот исток, затоа што се христијани или муслимани, или било што друго…ние не смееме ништо да правиме. Не играме на намноправна основа“.
Но, истакна Трамп за користењето на тактиката на мачење, „апсолутно чувствувам дека тоа функционира“.







