Продуцентот Мајкл де Лука, заедно со Јоко Оно и сценаристот Ентони Мекартен подготвуваат филм за љубовниот живот на Џон Ленон и Оно.
Британецот Џон Ленон и Јапонката Јоко Оно се запознале на крајот на шеесеттите години на минатиот век, кога Оно се уште била неафирмирана уметница.
Филмот ќе се фокусира на зрели, важни теми поврзани со љубовта, храброста и активизмот во САД, со намера да ја инспирира денешната младина да создаде свет за кој вреди да се бори, Мајкл Де Лука.
Јоко Оно секогаш се врзува во негативен контекст со „Битлси“.
Најжестоките фанови на британскиот бенд ја обвинуваат дека е виновна за распадот на бендот.
Ленон и Оно биле жестоки противници на војната во Виетнам. Од средината на седумдесеттите години биле неразделни, се до убиството на Ленон во 1980 година во Њујорк. Оттогаш Оно е чувар на неговата музика.







