Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, нема да се сретне со претставниците на граѓанската асоцијација „За заедничка Македонија“.
Ова денеска го соопшти портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, потврдувајќи дека Хан добил понуди и за други средби, но дека тој и тројцата европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, ќе се сретнат само со претставници на македонските политички партии.
„Овојпат комесарот ќе се сретне само со политичките претставници, бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе“, истакна Коцијанчич.
Организаторите на протестите за, како што велат, зачувување на унитарноста на Македонија за утре најавуваат пречек на Јоханес Хан со над сто илјади луѓе.







