Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Берзите мешовити, „Тесла“ го помина ГМ по пазарната вредност
Берза

Берзите мешовити, „Тесла“ го помина ГМ по пазарната вредност

април 11, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Акциите на глобалните берзи ја почнаа неделата со мешовити разлики, затоа што инвеститорите и понатаму се под влијание на минатонеделниот американски удар на Сирија, додека резултатот од претседателската трка во Франција е се понеизвесен.

Во попладневните часови, лондонскиот индекс на акции ФТСЕ 100 падна за помалку од 0,1 отсто, на 7.346,32 поени, франкфуртскиот ДАКС 30 за 0,3 отсто, на 12.191,54 поени, а парискиот КАК 40 за 0,5 отсто, на 5.109,52 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

„Акциите на глобалните берзи се различни затоа што трговците усвоија дефанзивен став, откако зголемените геополитички ризици во голема мерка ја загрозија довербата“, изјави аналитичарот на компанијата ФХТМ, Лукман Отунуга.

Волстрит го почна тргувањето во плус, а компанијата „Тесла“ го претекна Џенерал моторс (ГМ) по пазарната капитализација и така стана највреден американски производител на автомобили.

Акциите на „Тесла“ скокнаа за повеќе од 3,3 отсто, подигнувајќи ја така пазарната вредност на компанијата на 51,56 милијарди долари, што е за 1,27 милијарди долари повеќе од официјалната цена на ГМ.

Околу 25-та минута од почетокот на тргувањето, индустрискиот индекс Дау Џонс скокна за 0,2 отсто, на 20.707,04 поени, широкиот С&П 500 за 0,3 отсто, на 2.362,77 поени, а технолошкиот Насдак за 0,4 отсто, на 5.899,93 поени.

На валутните берзи, еврото скокна на 1,0597 долари од 1,0587 долари минатиот петок, фунтата на 1,2417 долари, од 1,2400 долари, додека доларот ослабна на 111,23 јени, од 111,33 јени колку што „чинеше“ минатата недела.

Во Азија, токискиот индекс Никеи скокна за 0,7 отсто, на 18.797,88 поени, хонгкошкиот стагнираше на 24.262,18 поени, а шангајскиот падна за 0,5 отсто, наведува АФП.

берзи ГМ долар евро јен Насдак Никеи Тесла
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Светските берзи под притисок од геополитичките тензии, нафтата над 100 долари

октомври 6, 2026

Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел

март 16, 2026

Шведска ја отвора вратата за еврото

јануари 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.