Треба да се вратиме на остварување на целосно градење на институциите и ќе треба да комуницираме и натака со САД. Министерството за внатрешни работи и министерот Нухиу има целосна поддршка од ДУИ и зад него стојат политичките партии и нема логика тој да се повлече од функцијата – додаде лидерот на ДУИ
Поддршката на новиот спикер од страна на САД и ЕУ значи дека Трајко Вељаноски повеќе не е претседавач на Собранието, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со Хојт Ји, при што се заблагодари до меѓународната заедница на поддршката за Талат Џафери и негово признавање.
Според него, процесите треба да се одвиваат на прав начин како и дека како партија се решени да продолжат со процесот на конституирање на нова влада.
По се ова што се случи во Парламентот крајно време е сите да се свестат дека земјата оди во негативен правец и да се прифати новата реалност односно новиот претеседател на Собранието – рече Ахмети.
Тој додаде дека изборот на Талат Џафери е направен на легитимен начин.







