Илјадници жени облечени во бело минаа низ главниот град на Венецуела, Каракас како би го зајакнале притисокот врз претседателот Николас Мадуро, чиј авторитет се повеќе се подведува под знакот прашање поради сталните протести и немири во кои повеќе луѓе ги загубија животот.
Протестот го предводеа лидерите на опозицијата, пратеници и Лилијан Тинтори, сопруга на затворениот политички водач Леополд Лопез, пренесува новинската агенција АФП.
Тие носеа цвеќиња и транспаренти на кои се осудува „репресијата“.
Полицијата и војниците ги спречија учесниците на протестот да дојдат до министерството за внатрешни работи, иако не се забележани судири ниту насилство.
Денешниот протест е најнов во серијата собири против владата кои траат повеќе од еден месец, од кои многу беа одбележани со судири со силите за безбедност и приврзаниците на Мадуро.
Во тие судири до сега загинаа 36 луѓе, наведува АФП.







