Собранието на Република Македонија во продолжението на четвртата седница ги донесе измените на Изборниот законик, со што се овозможи одржување на локалните избори во првата половина на октомври и продолжување на мандатите на градоначалниците.
Донесени се и измените на законите за основно и за средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите во скратена постапка. Со измените се овозможи укинување на екстерното тестирање кое се спроведуваше од 2013 година.
За Стефан Богоев од СДСМ екстерното тестирање е погубен и катастрофален концепт.
Пратеничката Ивана Туфекџиќ од СДСМ рече дека укинувањето на екстерното е првата добиена битка во реформите кои допрва следуваат.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.Собранието на Република Македонија усвои одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.







