Движењето Беса побара поголема ефикасност од Специјалното јавно обвинителство во однос на случаите „Монструм“ и „Сопот“, во кои според нив, невини Албанци се држат во затвор.
Додека Специјалното Јавно Обвинителство беше многу ефикасно и им беа доволни само 24 часа за верификација на минатото на министрите на ДУИ, бараме и очекуваме со иста итност да се процесираат и монтираните случаи “Монструм” и “Сопот”, за кои има цврсти докази кои ја потврдуваат невиноста на Албанците кои неправедно се држат во затвор.
Движењето БЕСА бара од Владата на Зоран Заев што побрзо да овозможи праведни судски одлуки и еднаш засекогаш да престане функционирањето на правдата со двојни стандарди, изјави портпаролката Њомза Имери Исмаили.
Таа повтори дека Движењето БЕСА инсистира да се формира систем кој ќе постави современи стандарди во спроведувањето на правдата.
Секој поминат ден е непростливо кривично дело кое државата го врши врз овие граѓани, додека постојат механизми за да се расветли целата вистина.
Ова беше ветувањето на Зоран Заев кон албанските гласачи, кој изјави дека едно од првите дејства што ќе ги преземе ќе биде и целосното расветлување на овие случаи.
Но и покрај овие изјави, сите бевме сведоци дека првото барање на премиерот Зоран Заев кон Специјалното Јавно Обвинителство не беше да се процесираат монтираните случаи “Монструм” и “Сопот”, туку верификација на минатото на министрите од редовите на ДУИ, а дел од нив беа и во владините кабинети кои ги монтираа овие политички случаи“, изјави Исмаили.







