Криминалната врхушката на ДПМНЕ, секојдневно пишува соопштенија со кои ја критикува новата извршна власт. Уште конституирана, изнајдоа бројни маани и забелешки. Наместо 100 дена тие не издржаа ни еден ден без да критизираат, велат во соопштенито на движењето ФРОДЕМ.
Оттаму велат дека врхушката од партијата на Груевски мора да разбере дека политиката не е продавање ефтин детергент, со ефтини пораки, па по секоја цена да се продава пропаганда.
ОД ФРОДЕМ го повикува чесното и некорумпирано членството на партијата да побара одговорност од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи штетните политики за државата и граѓаните не се однадвор туку тие се плод на пропустите и грешките во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.







