Новиот министер за транспорт и врски, Горан Сугаревски најави темелни реформи кои ќе се спроведат во областа на геодезијата и катастарот. Ова го најави на десеттата Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци во организација на Агенцијата за катастар и недвижности.
“Владата планира да се занимава со темелни и суштински реформи поврзани со областа на геодезијата и катастарот со вклучување на што е можно поголем број на релевантни субјетки”, рече Сугарески.
Тој очекува искуствата од земјите од регионот од областа на катастарот и инфраструктурата на просторните податоци, да придонесат за воспостување функционален катастар кој ќе ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на недвижности, зголемен број на трансакции, подобрување на урбанистичкото планирање, развој на инфраструктурата и на животната среднина со цел за оддржлив развој на општеството во целина.
На конференцијата учествуваат директори на катастрите на Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија и од Бугарија.







