Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Памела Андерсон жртва на македонскиот „принц“
Во Фокусот

Памела Андерсон жртва на македонскиот „принц“

јуни 18, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Италијанската полиција издаде потерница по извесен Стефан Чернетиќ поради тоа што со години се претставувал како „принц од Црна Гора и Македонија“ и на тој начин измамил бројни претставници на џет-сетот, живеејќи на нивна сметка и нудејќи им соработка.

Чернетиќ и неговиот соработник се сомничат за лажно претставување и за фалсификување на документи, а за црниот „мерцедес“ кои го накитиле со црногорски знамиња и налепници „дипломатски кор“, и со него се возеле по цела Европа, ќе добијат посебни казни.

 

„Мерцедесот“ на принцот накитен со црногорски обележја

Сето време „принцот“ имал иста цел – полн стомак, а со малку среќа, и полн паричник.

Зад присуството на секој гала настан и бизнис форум, се криела желбата да јаде, како и надежта дека ќе добие нешто повеќе.

Најголемото покритие на лажниот идентитет Чернетиќ го обезбедил на интернет: неговиот профил на социјалните мрежи сведочи за бројни елитни случувања на кои присуствувал, а лажните вести кои ги пласирал на веб сајтот, ги отстранувале сите дилеми на неупатените во политичките систем на Црна Гора и Македонија.

Благодарение на прифилот, преполни со фотографии од настаните во џет-сетот, како и на веб-сајтот преку кој пласирал лажни вести, човекот со „сина крв“ успеал на светот да му се претстави како потомок на Црнојевиќ и „принц од Црна Гора и Македонија“.

Големата титула насамари бројни претставници на италијанскиот и светскиот џет-сет, а на на лажниот принц му обезбедила влез на елитни забави и приеми на градоначалници, високи свештени лица и кај правни потомци на кралски семејства.

Стефан Чернетиќ и принцезата Ирена од Грција и Данска

„Неговото величество“ пред само две недели се нашло на маса кај принцезата Ирена од Грција и Данска во Атина, а неколку дена пред тоа присуствувал на трки на Формула 1 во Монако, во друштво со шеици и супер модели.

„Принцот од Црна Гора и Македонија“ пред стартот на трката во Ф1 во Монте Карло

На листата измамени се најде и најпознатата плејбој зајачица Памела Андерсон. Таа несамо што поверувала во легитимноста на престолонаследникот од Црна Гора и Македонија, туку и клекнала пред него, за да ја прими титула грофица и да биде прогласена за „Голема дама на Црна Гора“.

„Неговото величество“ и актерката Памела Андерсон

Измамен се нашол и градоначалникот на Монополио, Емилио Романи, кој за лажниот принц приредил богат прием, а фотографиите од тој настан нашле значајно место на сајтот на градот.

На социјалните мрежи, на профилот на Стефан Чернетиќ, се гледа дека ниту почитувани католички и православни свештеници не се посомневале во неговиот идентитет.

Со години „принцот“ живеел на висока нога, а отишол толку далеку што дал да се изгради и негов портрет. На неговиот сајт princeofmontenegroandmacedonia.eu одекнува легендарната „Ој свијетла мајска зоро, мајко наша Црна Горо“.

Но, на бајката полна со скапи пијалоци, убави жени, добри автомобили, луксузни куќи и скапи томпуси, мораше да и дојде крајот.

Во едно елитно одморалиште во Фусино „принцот“ направил голема сметка, која менаџерот после тоа ја испратил во Амбасадата на Македонија во Италија. Одговорот што стасал бил како ладен туш – не ни праќајте сметки, принц сигурно немаме, а и сигурно не го делиме со Црна Гора.

Веднаш е известено италијанското Министерство за внатрешни работи, кое фотографии на Чернетиќ и неговиот придружник испрати во сите полициски во околината. На полицајците им е речено да посветат внимание на „мерцедес“ накитен со црногорски знамиња и, ако го забележат, слободно да го запрат – државничките обележја се лажни, а мажот во автомобилот не поседува дипломатски имунитет или каква било привилегија во меѓународните односи.

Во меѓувреме, лажниот Стефан Чернетиќ уживаше во својот престој.

Со оглед на тоа дека на глумата на „принцот“ паднаа не само политичари и богати стопанственици, туку и важни личности од цела Европа, сознанието толку ја вознемири јавноста што во случајот „Чернетиќ“ се вмешаа карабинери од Бриндиси, Торино, Бергамо и Авелино.

Италијанските медиуми не наведуваат точно зошто за отворање на случајот и апсење на Чернетиќ им било потребно речиси една година, но набројуваат дека при приведувањето се запленети дипломатски пасоши, налепници со ознаки дипломатски кор, меѓународни награди, потврда од кралската куќа на Црна Гора и разни дипломи.

 

„Принцот“ се обидел да го измами и Трамп

Педесет и седумгодишниот „принц од Црна Гора и Торино“, се чини, се обидел да го измами и американскиот претседател Доналд Трамп.

Имено, еден од пријателите на „балканскиот големец“ од Фејсбук, на својот профил го закачил писмото кое, наводно, стасало како одговор директно од шефот на персоналот на Белата куќа, Рајнс Прибус, со потпис на Донал Трамп лично.

„Драг Стефан од Црна Гора. Моето име е Рајнс Прибус и јас сум шефот на персоналот на Белата куќа, на американскиот претседател Доналд Трамп. Ви се заблагодарувам во името на претседателската администрација поради вашиот интерес да изградите нови канали на соработка со Белата куќа“, го почнува својот наводен одговор Прибус.

Како што стои во писмото, Прибус пишува дека стасале многу вести за ИЦДО (Интернационална организација за цивилна одбрана, Швајцарија), и дека работата на оваа организација е многу значајна.

„Претседателот Трамп со задоволство би разговарал за понатамошна соработка во иднина. Го примив писмото од вашата организација преку господинот Мичел Чарлс Рокфелер, кого искрено го почитувам и го ценам, и би бил среќен да организирам видео конференција, за подобро да разберам како Белата куќа може да биде од корист“, „пишува“ понатаму Прибус.

Шефот на персоналот, како што стои во одговорот, понатаму наведува дека претседателот Трамп го видел писмото и се согласил да го потпише.

„Сепак, би сакал да нагласам дека претседателот не ветува каква било соработка меѓу ИЦДО и Белата куќа додека нема повеќе информации за вашите операции, цели и барања од Белата куќа и американските организации. Кога тоа ќе се исполни, ќе биде испратено официјално писмо со полна поддршка, потпишано од страна на претседателот и врачено на раководното тело на ИЦДО организацијата во Женева. Ова писмо не е за официјална употреба“, завршува Прибус.

актуелно грофица кор македонија принц црна гора џет сет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.