Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владата го усвои предлог-планот за спроведување на итни реформски приоритети
Македонија

Владата го усвои предлог-планот за спроведување на итни реформски приоритети

јули 4, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата на денешната седница го усвои Предлог планот 3-6–9 за спроведување на итните реформски приоритети важен за евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и за подигнувањето на квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија.

За овој важен чекор што го презема новата Влада, како што соопшти владината прес-служба, за евро-атлантските перспективи на Македонија и на граѓаните, само месец по формирањето, ќе следува дополнително известување на јавноста.

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата за подготовките за учество на делегација на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев на Конференцијата за Западен Балкан, која ќе се одржи на 12 јули 2017 година во Трст.

„ Станува збор за сериозни подготовки за настап на владината делегацијата на овој важен меѓународен настан, чијашто цел е забрзување на економскиот развој на земјите од Западен Балкан – се вели во соопштението.

Владата на денешната седница донесе одлука со што помага на производителите на лубеници поради ниската откупна цена со којашто се соочуваат.  Се работи за дополнителна субвенција од два денара за килограм лубеници, продадени во периодот од 3 до 15 овој месец, на регистрирани откупувачи, по откупна цена не повисока од 4 денари по килограм и за тоа да е извршена исплата.

При пресметката на директните плаќања, како штос е наведува, се земаат предвид количините што не надминуваат 50.000 килограми по хектар.

На денешната седница Владата одлучила да биде одложена имплементација на Кембриџ програмата, односно на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование.

Задолжено е Министерството за образование и наука да го одложи започнувањето на имплементација на новите наставни планови и програми по наставните предмети математика, физика, хемија и биологија за прва година на гимназиско образование, за прва година на средно стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование во сите средни училишта.

На денешната седница на Владата донесена е и одлука за флексибилно работно време во институциите, како и двосменско работно време во повеќе институции значајни за потребите на граѓаните на Македонија.

Работното време на институциите што ќе работат двосменски ќе биде од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот. Работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа се предвидува да биде меѓу 7:30 и 8:30 часот и да завршува меѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

„ Целта на оваа одлука е да им се олесни на граѓаните во реализацијата на неопходните приватни обврски во институциите, без притоа да мораат да земаат боледување или ден од одмор за да завршат административни обврски. Одлуката треба да стапи на сила од 1 септември – информира владината прес-служба.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за изградбата на експресниот пат на делницата, клучка, Дреново – Градско, како дел од крак на патниот Коридор 10, предвиден како голем проект во рамките на Секторската оперативна програма за транспорт 2014 – 2020 година.

Задолжено е Министерството за транспорт и врски во соработка со Секретаријатот за европски прашања, проектот за проширување на патната делница од Прилеп до мостот на Ленишка река и изградбата на трета лента на патната делница од Беловодица до каменоломот на Маврово, да го предвиди за финансирање во рамките на посочената програма.

Донесена е одлука за испраќање четворица припадници на АРМ во вежбовна активност ЈСЕТ – 17 – 2 во Република Бугарија, од 18 до 23 јули. Констатирано е дека АРМ активно учествува во вежбовни активности во регионот и во Македонија, што се покриени од буџетот на Министерството за одбрана, со што, како штос е наведува, се испраќа сигнал на определеност на Република Македонија да биде дел од меѓународни активности важни за безбедноста.

Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потребата од изготвување Национална стратегија и Акциски план за сузбивање на радикализација и насилен екстремизам 2017-2020 година, како и изменување на Националната стратегија и Акциски план за борба против тероризам.

На седницата од страна на МВР информирано е дека има потреба за ревидирање на постоечката застарена Стратегија за радикален екстремизам.

Задолжено е МВР да формира работна група за подготовка на Стратегијата, во којашто ќе членуваат повеќе претставници од повеќе министерства и институции.

актуелно влада Зоран Заев македонија Трст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.