Ѕвездата на италијанската кинематографија Орнела Мути доби пресуда да плати петстотини евра, со условна казна затвор од половина година, поради лажен болнички лист, врз основа на кој откажала претстава во Италија и отпатувала во Русија на добротворна вечера со претседателот Владимир Путин.
Весникот „Газетињо“ прененесува, повикувајќи с4е на одлуката на судот во Трст, дека актерката во декември 2010 година доставила лажни документи за болест во еден театар во градот Порденоне, каде што требало да настапи. Мути тогаш наместо на претстава отпатувала во Санкт Петербург, каде што учествувала на добротворен настан заедно со рускиот лидер и холивудскиот актер Кевин Костнер.

Повисокиот суд ја ублажи првобитната казна на судот во Порденоне од 2015 година, намалувајќи го и паричниот износ и условната казна затвор и заменувајќи го обвинението за тешка измама со обвинение за обид за фалсификување.
Орнела Мути ќе може да ја избегне затворската казна во случај на театарот да му плати отштета во висина од 30.000 евра. Судот, исто така, ја обврза актерката да им плати на претставниците на театарот 3.600 евра за судски трошоци.
Италијанската телевизиска ѕвездана 10 декември 2010 година требало да настапи во локалниот театар „Верди“ во Парденоне, но побарала претставата да се одложи поради нејзиниот ларингитис, со препорака на лекарот да и се овозможат пет денови одмор.
Неколку денови после овој настан во медиумите се појави информацијата дека истата вечер актерката присуствувала на добротворна вечера во Санкт Петербург. Администрацијата на театарот „Верди“ веднаш поднесе тужба против Мути.







