Новоименуваниот директор за комуникации на Белата куќа, Ентони Скарамучи, најави денеска остри мерки против недозволеното оддавање на информации, кое доведе до повеќемесечни новинарски наслови повеќето неповолни за американскиот претседател Доналд Трамп.
„Една од првите работи кои планирам да ги направам е да го запрам ’протекувањето’, рече Скарамучи, кого Трамп во петокот го постави на оваа функција.
Ветувајќи нов почеток во Белата куќа, почнувајќи од споменатите мерки, Скарамучи напомена дека „тоа е Вашингтон па ќе биде невозможно да се запре секое оддавање“.
„Ова што сега се случува е висок ниво на непрофесионализам и не оди во корист на претседателот“, напомена тој, предупредувајќи дека, ако треба, „ќе превземе драматична акција за да спречи ’непринципиелни работи’“.
Во коментарите за медиумите директор за комуникации објасни што би можело да значи „драматична акција“, заканувајќи им се на сите вработени во неговиот ресор дека ќе ги отпушти ако за нив се утврди дека давале изјави за медиумите без одобрување.
„Ако сакаат да останат дел од тимот на Белата куќа, ќе мора да престанат со ’зборење’ повеќе од она што е потребно“, заклучи Скарамучи.







