Корпорацијата „Арива Дојче Бан“, еден од најголемите европски оператори во патничкиот промет, ја превзеде риечка „Аутотранс групација“, водечки автобуски превозник во Хрватска.
Во соопштението од „Арива“ се истакнува дека тие се стекнале со 78,34 отсто од акциите во „Аутотранс“ без да ја наведат вредноста на трансакцијата.
„Арива“ е присутна на автобускиот пазар во Хрватска од 2013 година, кога го купи осјечки „Пантурист“. „Аутотранс“, пак, располага со 500 автобуси со кои сервисира отприлика исто толкав број на линии во домашниот и во меѓународниот сообраќај.







