Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шахпаска: Владата го подобрува животот на граѓаните
Македонија

Шахпаска: Владата го подобрува животот на граѓаните

август 27, 2017Updated:август 27, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеничката од СДСМ во Собрание на Република Македонија Јагода Шахпаска, денеска во изјава за медиумите рече дека парламентарното мнозинство и Владата со серија мерки го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

„До крајот на оваа година ќе заврши изградбата и опремувањето на тринаесет детски градинки со што се зголемува опфатот за нови 682 дечиња, а ваквата тенденција ќе продолжи и во 2018 година.

„Потпишани се договори за обнова на градинката 8-ми април во Шуто Оризари, се реконструира и се пренаменува објектот на поранешниот Пионерски дом во Куманово, којшто ќе прерасне во детска градинка.

„За неколку денови, веќе од први септември, градинките ќе почнат со двосменско работење. Тоа ќе значи дека децата во градинките ќе бидат згрижувани во подолг временски период согласно потребите на нивните родители – рече Шахпаска.

Таа додаде дека со предвидените измени на Законот за социјална заштита се овозможувало подобрување на правата од социјалната заштита на лицата со попреченост.

„Владата ќе донесе посебна програма за персонален придружник на лица со попреченост. Лицата со траен наод на попреченост и тешки ментални и телесни пречки ќе бидат ослободени од поднесување на барања секоја година. Надомест за помош и нега од трето лице ќе се обезбедува без конзилијарно мислење од три специјалисти со што секој барател заштедува по 1700 денари. Првостепената комисија за утврдување на надомест за помош и нега од друго лице, ќе ги посетува барателите во нивниот дом.

„Додаток за мобилност, слепило, наглувост како и помош и нега од трето лице ќе го добиваат независно од висината на месечните приходи. Ова е право кое го стекнале по основ на болест и не смее да биде условено од месечните примања. Надомест за скратено работно време на родители со деца кои имаат тешки хронични заболувања и ментални и физички пречки – рече Шахпаска.

Таа кажа дека минималната плата ќе се покачи на 12 илјади денари и дека таа ќе важи за сите работници, вклучително и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки и на тој начин граѓаните вработени во овие индустрии нема веќе да бидат дискриминирани и да земаат пониска плата.

„Како што вети, Владата предводена од СДСМ го решава и деценискиот проблем со статусот на стечајните работници. Околу 3000 стечајци ќе добиваат надомест од 7596 денари месечно, со што на овие граѓани им се исправа долгогодишната неправда што ја трпеа.

„Како досега, така и во иднина како мнозинство во Собранието на Република Македонија, продолжуваме со чесното, одговорно и отчетно работење во интерес на граѓаните и државата – рече Шахпаска.

актуелно куманово македонија сдсм шуто оризари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.