Четири лица, од нив три тешко, а едно полесно, се повредени во сообраќајна несреќа што околу два часот после полноќ се случи на регионалниот пат Р 103, кај станицата за технички преглед „Антигона”, на влезот во Неготино.
Патнички автомобил „опел астра” со велешки регистерски ознаки, управуван од 35 годишниот Н.А. од Стојаково, преминал на левата страна од патот и удрил прво во заштитната ограда, а потоа и во објектот на Агросервис.
Еден од повредените е задржан на лекување во кавадаречката општа болница, а тројца, поради сериозноста на повредите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Во тек е полициска истрага за да се утврдат причините што довеле до сообраќајната несреќа.







