Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Велешка „Колска“ излегува од криза
Македонија

Велешка „Колска“ излегува од криза

септември 13, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата на денешнта седница донесе одлука за финансиска поддршка на „Колска“ во Велес со цел надминување на состојбата во друштвото.

Финансиската поддршка е за воспоставување редовен тек на работите во фабриката и грижа за работниците.

За оваа цел е донесена одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со буџетот на Република Македонија за 2017 година најдоцна до 15 септември.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои и информацијата за тековната состојба и нивото на резервите на нафта и нафтени деривати и ја задолжи Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати да достави предлог-мерки кои ќе треба да се применуваат од 1 јануари 2018 година кога треба да почне да се применуваат новите законски мерки за користење на нафтените резерви и кои во голема мера го ограничуваат користењето на резервите, освен во ситуации кога е значително нарушен пазарот со нафта и нафтени производи.

Разгледани се и усвоени и повеќе годишни извештаи за работењето на одреден број јавни претпријатија и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија во 2016 година на предлог на Јавното обвинителство, при што владата го зеде предвид мислењето на Министерството за правда, во кое се наведува дека во извештајот не е содржан критички осврт за постапувањето, односно непостапувањето на јавните обвинителства по одредени предмети, како, на пример, барањето за законитост за притвор за лица во бегство, како и за нестручното постапување во врска со крвавите настани во Собранието на Република Македонија на 27 април.

Меѓу другото, денеска се разгледаше и беше усвоена информацијата за спроведување анализа на дискреционите овластувања на носителите на јавни функции на предлог Државната комисија за спречување на корупцијата, која до Владата достави методологијата за спроведување анализа на дискреционите овластувања на носителите на јавни функции.

Оваа методологија треба да им биде доставена на сите носителите на јавни функции и до органите на државната управа. Во рок од 10 дена треба да формираат работни групи за самопроцена, составена од административни службеници кои работат на нормативни прашања и за тоа да ја известат Државната комисија за спречување на корупцијата со податоци за координаторот на работната група. Врз основа на оваа евалуација Државната комисија за спречување на корупцијата до владата на Република Македонија треба да достави информација за спроведувањето на активностите за анализа на дискреционите овластувања на носителите на јавни функции до крајот на декември 2017 година.

Владата го усвои и новиот текст на информацијата за склучување договор за соработка со програмата за зголемување на пазарната вработливост спроведувана од страна на „Свисконтакт“ и Владата на Република Македонија како дел од проектот „Ангажман на сениор експерти за развој на мали и средни претпријатија во Македонија“.

Врз основа на усвоената декларацијата за слободни и фер избори, со препораки за однесувањето на државните служебиници за време на изборните процеси на сите носители на јавни и државни функции, Владата денеска донесе упатство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации за време на изборниот процес како една од одредниците на планот 3-6-9 за итни реформи.

На денешната владина седница стана збор и за првите менаџерски договори за кои требаше да одлучува во согласност со одлуката донесена на 26. седница, според која сите идни менаџерски договори кои се однесуваат на уредување на односите и обврските на директорите на државните и јавните институции претходно да бидат доставени до Владата на Република Македонија на запознавање, односно на одобрување, пред нивно потпишување и беше одобрено барањето за задолжување од Општина Липково, со препорака претходно да биде добиено позитивно писмено мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Колска“ актуелно влада корупција македонија седница
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.