Општинскиот изборен штаб на СДСМ во Аеродром, ноќеска бил оштетен.
„ВМРО-ДПМНЕ се обврза на фер и коректна кампања, уште во текот на ноќта беше извршен вандалски чин во кој беше оштетен еден од нашите штабови. Згрозени сме од чинот и начинот на кој бил извршен овој одвратен напад.
„Имено, во текот на ноќта еден од нашите штабови во месната заедница „Васко Карангелевски“ бил измачкан со измет“, соопштија од Општинскиот изборен штаб на партијата.
Оттаму наведуваат дека вакви постапки не доликуваат на Македонија и додаваат „токму поради овие дела ВМРО-ДПМНЕ ќе биде опасно казнет на 15 октомври“.
„Уште еднаш повикуваме на фер и коректна кампања каде граѓаните правилно ќе се информираат за политичките понуди“, апелираат од ОИШ на СДСМ во Аеродром.







