Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, синоќа од Битола порача, дека гласот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, е гласот за Зоран Илиоски и за советничката листа, истовремено ќе биде глас и за 150.000 нови работни места во наредната декада во Република Македонија.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ има кредибилитет да вети такво нешто, бидејќи откако дојдоа на власт невработеноста од безмалку 40 отсто била намалена на 22,5 проценти.
Груевски рече дека во новата ера се предвидува за ¾ намалување на сиромаштијата во Македонија.
„Се планира преполовување невработеноста кај младите луѓе со носење на инвеститори од надвор и со помагање на нашите за отворање на нови работни места.
„Двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со свој дом, нагласи Груевски.
Посочи дека во наредната декада е предвиден просечен економски раст од околу 4 отсто.
„Тоа ќе значи истовремено, два и пол пати поголем приход по жител. Односно, од сегашните 5.000 приход годишно по глава на жител просечно, да нарасне на крајот на следната декада на над 12.000 долари по глава на жител во просек, појаснува Груевски, додавајќи дека тоа би значело два и пол пати повисок стандард.
Посочи дека во новата стратегија е предвидено Македонија да има најниски даноци во светот.







