„Крушево кај ти се младите, кај ти е детскиот џагор, кај се кројачите, казанџиите, локумџиите.
Режимот завршува во Крушево, приклучете се, носиме живот за сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Крушево.
„Ви ветувам, правда ќе има во Македонија, додаде претседателот Заев.
„Да изградиме инфраструктура и овде да чуваме деца и да растеме внуци. Да создадеме вистински развој на Крушево и поврзување со селата.
„Не влече Крушево и по зимата и по Тоше, да го вратиме животот во градот, дополни претседателот Заев.
Тој ги повика младите да останат во градот затоа што ќе имаат иднина преку младинската гаранција и за дошколување и за нови работни места.
„Само со чесни политичари, здружени, единствени Македонија ќе ни оди напред. Да изградиме европско Крушево во европска Македонија, повика претседателот Зоран Заев вечерва во Крушево.







