Државната изборна комисија ги одби сите приговори на политичките партии поднесени за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, 15 октомври.
Седницата на која се разгледуваа приговорите заврши доцна синоќа.
До комисијата беа поднесени вкупно 46 приговори, од нив 43 поднесе ВМРО-ДПМНЕ. По еден приговор поднесоа ТМРО, „Алијансата на Албанците“ и Левица.
Партиите против одлуките на ДИК можат да поднесат тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.
Судот е должен да донесе одлука 48 часа по приемот на жалбата.
Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.







