ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно после долг период имаше фер, демократски и слободни избори на кои граѓаните гласаа слободно и без притисоци, што беше потврдено и од извештаите на релевантните институции, велат од СДСМ во соопштение за јавност.
“Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во регуларни услови и продолжува да бара оправдувања за убедливиот пораз. Резултатите јасно покажаа каква е вистинската избирачка волја кога граѓаните гласаат слободно и без притисоци.
Изборниот поткуп, злоупотребата на државните институции и ресурси, заканите и списоците за притисоци на граѓаните беа одлика на децениското владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
„Заврши времето кога снемуваше ливчиња, се правеа „бугарски возови“, а граѓаните „за уши еден по еден“ се вадеа да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине и да го признае изборниот пораз, велат од партијата.







