Советниците на општина Центар денеска ја прифатија донацијата од 12 уреди за прочистување на воздухот, кои се наменети за Јавната установа за деца, Детска градинка „13 Ноември“-Скопје.
Од општина Центар соопштија дека со уредите значително би се подобрил квалитетот на воздухот и би се намалил ризикот за заболување на дишните патишта на децата.
Уредите ги донира Ротари клуб Скопје – Камен мост поради големата загаденост на воздухот и можноста за подобрување на амбиенталниот воздух што го дишат децата во текот на нивниот престој во градинка.







