Додека Велика Британија оди кон излез од ЕУ, Западен Балкан врши притисок за отворање на вратата на унијата. Напролет, може да биде дадено зелено светло од Брисел за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија, пишува австрискиот весник „Курир“.
Дека Македонија и Албанија се на добар пат кон ЕУ, според весникот, потврдил и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во Тирана.
Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер ја посочи 2025 година како можен термин за прием на нови членки на ЕУ, но според Хан, ниту една држава нема гаранција дека тогаш ќе се приклучи.
Процесот на пристапување е тековен реформски процес, а која држава најпрво ќе се придружи, не е одлучено, им пренел Хан на новинарите во Тирана.







