Следната година претставува историска година за Македонија по прашањето на интеграциите на земјата и за овие наши амбиции очекуваме поддршка од страна на Естонија, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбите во Талин со високи естонски претставници.
Османи на средбите ја потенцирал новата политичка енергија во насока на европскиот оптимизам кој се создаде со формирањето на новата влада во Македонија, а која граѓаните ја потврдиле и на последните локални избори, соопшти кабинетот на вицепремиерот.
Се разговарало и за билатералната соработка меѓу Македонија и Естонија, регионалната соработка во рамки на земјите од Западен Балкан, како и проширувањето на Европската унија со земјите од регионот.







