Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пензискиот фонд нема да крахира, туку ќе создава вишоци
Економија

Пензискиот фонд нема да крахира, туку ќе создава вишоци

декември 19, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Првиот столб на пензискиот фонд до 2030 година нема да крахира како што предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Тој ќе може сам да се одржува и да создава вишоци,  покажале резултатите од симулациите направени за да се види како одделни решенија, реформи или состојби би влијаеле врз пензискиот систем, што денеска ги презентираше професорот Мирољуб Шукаров.

Тој во рамки на презентацијата на анализата на Центарот за економски анализи (ЦЕА) за одржливоста на пензискиот систем рече дека доколку сите трендови во однос на вработеност, број на пензионери, висина на плати и пензии, економски раст, демографски тенденции…, останат непроменети до 2030 година, ПИОМ би генерирал вишок од околу 130 милиони евра годишно.

„Пензискиот фонд не само што е одржлив, туку може да создава и вишоци. Во буџетот би имало екстра прилив, но доколку продолжат сегашните трендови, рече Шукаров.

Симулациите покажале и оти состојбите би биле уште подобри доколку се земат оптимални услови на поголем економски раст со отворање нови работни места. Ниту една од нив со секакви варијанти не покажала оти системот може да крахира.

Шукаров вели дека пресметките покажуваат дека стабилизирање на Фондот може да се очекува во 2027 година кога прелевањето пари од државната во касата на Фондот ќе се сведе на нула, а потоа постепено и ќе се создаваат вишоци во пензиската каса бидејќи бројот на пензионери во првиот пензиски столб ќе се намалува.

„Затоа треба да се размислува што со Пензискиот фонд кога тој ќе почне да создава вишоци, а државата нема да има потреба да издвојува пари за полнење на пензискиот буџет. Треба да се размислува дали Фондот ќе се продава или да се формира посебен инвестициски фонд кој ќе ги инвестира парите кои ќе бидат вишок, смета Шукаров.

Зголемувањето на растот на економијата, според него е најдоброто решение доколку се сака побрзо санирање на пензискиот систем, бидејќи раст на економијата од 5 проценти би значел и целосно решавање на проблемот.

Ивана Велковска од Центарот за економски анализи, го дели ставот на професорот дека економскиот раст и отворањето работни места, но не само во ниско платените гранки, е најдоброто решение.

„Ако бројот на вработени се зголеми за 6,2 отсто годишно следните шест години што е два пати повеќе од досегашниот раст на вработените, тогаш учеството на пари од буџетот во пензискиот фонд ќе се намалува постепено и во 2022 година повеќе нема да биде потребно издвојување дополнителни средства од буџетот. Ако остане истата стапка на раст на вработените од 3,1 отсто тогаш за шест години, ако нема раст на пензионерите и трошоците на Фондот, тогаш може да се очекува подобрување на одржливоста на Фондот за шест години, рече Велковска.

Смета дека земјава не се соочува со сериозен проблем на стареење на населението како другите земји во регионот за да се стравува од голем прилив на пензионери. Затоа, смета таа, зголемувањето на годишната граница на пензионирање нема да биде вистински одговор на проблемот на одржливост на пензискиот систем.

„Просечниот очекуван животен век за 10 години е зголемен само за 1,6 години што е најнизок очекуван животен век во Европа. Демографските податоци говорат дека во земјава не се очекува посериозен проблем со стареење на населението како во другите земји, рече Велковска.

Маријан Николов, директор на ЦЕА, смета дека дефицитот во ПИОМ кој е актуелен последните години не е толку последица на неповолните демографски движења колку на системски проблеми. И тој смета дека е потребно побрзо генерирање работни места, но не преку долготрајно користење мерки за вработување.

Исто така, смета дека доколку Владата не треба да користи мерки за субвенционирање долг период бидејќи ефектите на пензискиот фонд се неповолни.

варијанти ММФ пари пензиски фонд систем
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари

ноември 23, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.