Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Крива Паланка
Истраги

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Крива Паланка

јануари 13, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кумановската полиција до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против лицата А.А. (57) и М.М. (67), поради сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.

Како што информираат од МВР, двајцата пријавени во периодот од јуни 2009 година до мај 2013 во два наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластувања, првопријавениот во тој период во својство на градоначалник на општина Крива Паланка, а второпријавениот во својство на тогашен директор на ДСУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, постапувајќи спротивно на заклучоците и одлуката на Владата на Република Македонија во врска со проектот за изградба на 35 спортски сали во кој што список влегла и општина Крива Паланка за финансирање на изградба на спортска сала во сопственост на општината, а на користење на средното училиште.

А.А. и М.М. на 29-ти мај 2009-та година изготвиле и потпишале лажна исправа, Договор за инвестирање во изградба на спортска сала „Петар Поп Арсов“, со Агенцијата за спорт и млади како инвеститор на проектот. Притоа, го завеле лажниот договор под три деловодни броја во три деловодника и тоа во: оној при општина Крива Паланка, во ДСУ „Ѓорче Петров“ и во Агенција за млади и спорт, а во договорот во член 7 став 1, навеле дека спортската сала наводно ќе биде изградена во дворот на ДСУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, иако таму што веќе имало изградено спортска сала.

Исто така, согласно склучениот договор, општина Крива Паланка се обврзала да го подготви теренот и да обезбеди пристапни патишта за отпочнување на изградбата, да изврши технички прием на функционалност на спортска сала, да издаде употребна дозвола и да достави до Агенцијата за млади и спорт имотен лист во кој ќе биде впишана спортската сала. Овие одредби од договорот воопшто не биле исполнети, туку спротивно на тоа, пријавениот А.А. донел и потпишал Решение за локациски услови за градба и потпишал Одобрение за изградба на спортската сала на друга локација, на катастарска парцела која дел била во сопственост на Општината, а дел во сопственост на Република Македонија и без претходно да се изврши пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно, информираат од МВР.

По изградбата на спортската сала, двајцата пријавени по втор пат ја злоупотребиле службената положба и овластување кога прифатиле и потпишале Записник за примопредавање на спортската сала, со Агенцијата за млади и спорт. Наведувајќи притоа, дека наводно истата целосно е завршена иако не биле изведени градежни работи за доградба, реконструкција, паркинг простор, сообраќајници согласно Одобрението за градење, а што е констатирано во Записникот за извршен вонреден инспекциски надзор од страна на градежната инспекција.

Од МВР потенцираат дека со тоа била нанесена дополнителна штета на Општината, која во наредниот период треба да ги доврши овие градежни работи. Воедно, констатирано е дека новоизградената спортска сала воопшто не била внесена во катастарскиот операт за КО Крива Паланка, а имотниот лист во кој требало да биде внесена спортската сала во сопственост на Општина Крива Паланка, никогаш не бил доставен до Агенцијата за недвижности при Влада на Република Македонија.

агенција актуелно Влада на РМ крива паланка мвр ОЈО општина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.