Повеќе сообраќајни несреќи во кои се повредени најмалку две лица се случија на главниот автопат заради снегот што падна во Чешка, после што таа собраќајница е времено затворена за сообраќај.
Чешкиот Хидрометеоролошки институт предупреди дека снежните врнежи ќе погодат шест од четиринаесетте региони во државата, повеќето на истокот на Чешка.
Автопатот Д1, кој ги поврзува Прага со источниот дел на земјата, е затворен на повеќе локации после повеќето сообраќајни несреќи, во кои учествувале и камиони.
Официјални лица од полицијата соопштија дека денеска се случиле околу 100 сообраќајки во југоисточниот регион, во кој се наоѓа и градот Брно.







