Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска – Столтенберг: Местото на Македонија е во НАТО
Македонија

Шекеринска – Столтенберг: Местото на Македонија е во НАТО

јануари 18, 2018Updated:јануари 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонија покажа дека има капацитет да спроведе реформи во духот на вредностите на НАТО, да се фокусира на демократските процеси, реформите во одбраната, да ги унапреди добрососедските односи и да стане фактор на стабилност во регионот. Со доследно спроведување на реформите, местото на Македонија е во НАТО, беше истакнато на денешната средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата министерката посочи дека во Македонија меѓу граѓаните и на политичката сцена има недвосмислен консензус дека државата треба да биде полноправен член на НАТО и Европската Унија.

Министерката го информирала генералниот секретар на Алијансата за зголемувањето на буџетот во одбраната, како и за одлуката за зголемување на македонскиот контингент во мисијата во Авганистан. Шекеринска, додава, се заблагодари на позитивниот одговор од НАТО за вклучување на Македонија во Програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната.

„Исполнувањето на нашата стратешка цел Македонија да стане 30. членка на НАТО е од големо значење, не само за нашата земја туку и за мир и стабилност на Балканот. Членството на Македонија во НАТО е цел која ги обединува сите граѓани и околу која постои политички консензус. Потребно ни е охрабрување и поддршка за да можеме да ја испратиме пораката дека таа цел е остварлива – рече министерката за одбрана на средбата што се одржа во Министерството за одбрана.

Шекеринска посочи дека Владата и Министерството постигнале силен пробив во реализацијата на реформите и дека во иднина ќе се продолжи со исто темпо.

„Го исполнивме нашето ветување и го зголемивме присуството во мисијата „Одлучна поддршка“ за 20 проценти. Кога ветуваме, исполнуваме, а така работиме и на одбранбените реформи – рече министерката.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, пак, се наведува, се заблагодари за долгогодишниот придонес на Армијата на Република Македонија во мисиите на НАТО во Авганистан и го поздрави 20-процентното зголемување на силите на АРМ во „Одлучна поддршка“.

Изразил задоволство од посветеноста на Владата и на Министерството на реформите и развојот на добрососедските односи, и додаде дека Македонија има целосна поддршка во реализацијата на овие реформи.

Првиот човек на НАТО рекол дека ги поддржува напорите Македонија да стане членка на НАТО и дека има причини да се биде оптимист, без да се губи реалистичноста, бидејќи смета дека има уште предизвици.

„Го ценам вашиот придонес во мировните мисии. Вашето учество таму е бонус кој ви дава аргумент дека сте сериозен кандидат за членство во НАТО. И зголемувањето на буџетот во одбраната е потег кој придонесува во оценката на НАТО дека сте квалификувани да станете член на Алијансата, рече Столтенберг, се наведува во соопштението.

Столтенберг на министерката Шекеринска и честитал за личното лидерство, посветеноста и начинот на кој таа ја претставува земјата во убедувањето на сојузниците колку е важно членството на Македонија во НАТО.

Ова е прва посета на генерален секретар на НАТО на Министерството по повеќе од една декада, стои во соопштението од Министерството за одбрана.

авганистан актуелно влада македонија министерство НАТО рм шеќеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.