Официјално, еден од најголемите автомобилски саеми во светот, познатиот Северноамерикански авто-шоу во Детроит своите врати за посетителите ги отвара на 20 јануари и ќе трае до 28 јануари.
Сите гиганти во автомобилската индустрија изложуваат на овој саем затоа што тој претставува и своеврсна влезница на еден од најголемите, секако и најбогат автомобилски пазар на светот.
Се очекуваат многу новитети, многу премиери на возила, од кои треба да се издвојат новиот „ауди 7 спортбек“, потоа електричниот „БМВ и8 купе“, и новите „гранд чироки“, „ламборџини нурсус“, „тојота авалон“, „ролс ројс фантом“….
Во осумте денови ќе доминираат автомобили со хибридни и електрични погони, скапоцени лимузини, суперспортски автомобили, а производителите ќе се претстават и со автономни системи кои, побргу и од е-мобилите, ги освојуваат светските патишта.







