Резултатите од истражувањата објавени во списанието „Плос уан“ покажуваат дека редовното учество во верски обреди, како на пример миси и погребни церемонии, придонесува за подобро здравје и го продолжува животниот век на средовечните лица и лицата од третото доба.
Научниците од Факултетот за јавно здравје од Атланта, професорката по епидемиологија Елен Идлер и професорот по социологија Самуел Кандлер за потребите на студијата ги проучувале податоците од лонгитудиналната студија за „здравјето во економски околности“ на лица постари од 50 години во Соединетите Американски Држави под името „Здравјето и пензионирањето“.
Тие се фокусирале на податоци собрани меѓу 2004 и 2014 година со кои се опфатени повеќе од 18.000 учесници, пренесува весникот „Медикал њуз тудеј“.
Истражувањето опфатило и податоци за учество во верски обреди, за важноста на верата за поединци и за верската припадност. Како потенцијална одредница на здравтсвената состојба ги земале полот, расата или етничката припадност, степенот на образование и висината на приходите на учесниците во истражувањето.
„Резултатите од студијата покажуваат дека изгледите дека лица кои учествуваат во верски обреди се поздрави и подолговечни за 40 отсто повеќе отколку кај групата која не учествувала во нив“, изјавила професорката Идлер.
Се покажало и дека изгледите дека лицата кои редовно не учествувале во верски обреди се поздрави и подолговечни од оние кои никогаш не присуствувале на таков чин.
Американските научници утврдиле дека наведеното позитивно влијание на здравјето може да се спореди со ефектот од поголеми приходи.
Со оглед на тоа дека станува збор за експериментална студија која не може да ја објасни причинско-последичната врска, нејзините автори изнеле претпоставки за потенцијалните причини од ваквите резултати: лицата кои учествуваат во верски обреди воопшто имаат поздрави животни навики, на пример, не пушат, не конзумираат алкохол и поретко имаат ризични полови односи и потпората од заедницата или помагањето и потпората на другите можат да влијаат на здравјето и на должината на животниот век.
„Нашата студија укажува на добрите страна на учеството во верските обреди како дополнителни општествени детерминанти на смртноста, посебно кај лицата од третото животно доба. Станува збор за општествен ангажман кој е важен за постарите лица“, изјавија научниците.
Во претходно спроведената студија на американскиот универзитет „Дјук“ на четири илјади лица, се покажало дека тие кои редовно учествуваат во колективна молитва за време на мисите значително поретко патат од депресија и анксиозност, а според една индиска студија во која биле вклучени хиндуси, се покажало дека пациентите кои секојдневно се молеле во 70 отсто од случаите поретко заболуваат од кардиоваскуларни болести.







