Министерот за култура Роберт Алаѓозовски за време на денешната посета на црквата „Св.Ѓорѓи“, која се наоѓа над ресенското село Курбиново во прекрасен природен предел, истакна дека посакува и за тоа има идеја цел преспански регион да биде прогласен за културен и природен предел под заштина на УНЕСКО.
Наша долгорочна идеја, посочи Алаѓозовски, за цел преспански регион, е токму преспанскиот регион да биде прогласен за културен и природен предел под заштита на УНЕСКО, како што е охридскиот регион.
„Подготвени сме да го зајакнеме сегментот на културен туризам и во догледно време ќе ги зајакнеме институциите и градот со туристички водичи. Во овој момент приоритет е конзервацијата на објектите, но наскоро ќе вршиме поголема промоција на културното наследство во Преспа, рече Алаѓозовски.







